Пост напишан како одговор на коментарите од постот Арсенализам:
Добро, во ред е да реплицираш на постот и да си искажеш мислење ама па барем нека има и име кој го пишувал коментарот за во случај некој ако сака да ти реплицира на твојот коментар. Вака има еден куп 'anonimusi' и не знаеш на кој да се обратиш. Нема врска, одиме на темата сега.
Добро, во ред е да реплицираш на постот и да си искажеш мислење ама па барем нека има и име кој го пишувал коментарот за во случај некој ако сака да ти реплицира на твојот коментар. Вака има еден куп 'anonimusi' и не знаеш на кој да се обратиш. Нема врска, одиме на темата сега.
Арсенал е тим со богата и долга историја. Реално, таа е поголема и побогата од онаа на Челзи и на Сити. Ги почитувам и двата клуба и нивните навивачи макар тие станале нивни фанови вчера, инспирирани од метеорскиот финансиски подем на клубовите (секоја чест на навивачите од времето на Ѕола, Лебеф, Денис Вајс и останатите, ова не се однесува на нив). Како што кажав, клубот те бира тебе а не ти него. Недостатокот на трофеи и славно минато овие клубови сакаат да го надополнат со масивно вложување на финансии и од себеси сакаат да создадат глобално славни клубови. Ако не можеш да станеш бренд со традиција и успеси, тогаш ќе си ги купиш. Од друга страна тоа и не е така чудно затоа што во денешно време глобализацијата е светски процес којшто се случува на секое поле во општеството. Големите ги јадат помалите, се фузираат, уништуваат итн. Е сега проблемот е: Што ако утре Роман си најде нова играчка или Abu Dhabi решат дека сакаат да си инвестираат во еколошки град среде пустината и ги пресушат страшните финансии во клубот? Распад систем! Овие клубови се во толкави долгови што ако се повлечат тие луѓе, веднаш ќе згаснат. Ова нè носи сега кон пристигнувањето на Венгер на клупата на Арсенал.
Со неговото пристигнување се устоличува посебен вид на политика на водење на клубот, еден вид филозофија која што преку носење на млади играчи и ултра силна младниска школа клубот да опстојува, да работи рентабилно и да игра значајна улога во европскиот фудбал. Младите таленти во академијата ги усовршуваат основните фундаменти на фудбалот, како пас играта, тимскиот дух, надигрување и почит кон противникот. Она со тимскиот дух дури и премногу го практикуваат па никој не дава гол, сите сакаат да асистираат и ни ги кинат нервите на нас навивачите хаха...
За оние кои ја критикуваат оваа филозофија и носењето на евтини, а добри играчи, да ги потсетам на тимот од 2003-2004 година кој не загуби ни еден натпревар во Премиер лигата:
Голман: Леман - слободен агент; одбрана:Лорен - 7,2 милиони фунти; Кемпбел - слободен агент; Туре - 150.000 фунти; Ешли Кол - младинска школа; среден ред: Љунгберг - 3 милиони фунти; Виеира - 3,5 милиони фунти; Жилберто Силва - 4,5 милиони фунти; Пирес - 6 милиони фунти; напад: Беркамп - 7,5 милиони фунти и Анри 11 милиони фунти. Сè на сè екипа постепено склопена за 42,85 милиони фунти ја заврши сезоната без ни еден пораз во најсилната лига на светот! Па толку пари Сити даде за Кун Агуеро или Барса за Фабрегас, а пак да не спомнувам за шопингот на Реал Мадрид изминативе 10-тина години.
Секоја врвна европска екипа со традиција има подем, зенит, опаѓање на моќта, обновување на тимот и повторен почеток на горе наведениот циклус. Не е важно кој колку пари има секој го минува патот на овој циклус! Еден или два промашени или полн погодок трансвери можат да ве поместат фаза или две нанапред или наназад. Јас лично повеќе сакам да се оди низ циклусот нанапред, па макар постепено и ако треба ќе чекам неколку години за пак да се стигне до зенитот затоа што вистински навивам со срцето за мојот клуб, за Арсенал!
Газдите и парите доаѓаат и со одат, ама клубот треба да постои вечно! Друга работа е што Арсенал изгради нов стадион кој што чинеше 390 милиони фунти. Не може клуб којшто инвестирал толку пари во стадион да купува играчи од 40 или 50 милиони фунти! Тоа се коси со здравиот разум и ќе го однесе клубот во пропаст! Постепено додека се исплати стадионот мора да се стегне коланот и да се штеди, па потоа што биде нека биде. Па и нека продаваат играчи ако е тоа за добробит на клубот, затоа што ни еден играч не е поважен од клубот, ни еден!
Друга работа е тоа што сметам дека ни еден играч на светов не вреди да зема неделна плата поголема од 70.000 фунти (условно) да речеме. Ако зема 170.000 фунти неделно, тогаш јас од тој играч очекувам кога ќе му ја додаде топката голманот, да ги предрибла сите играчи од противничкиот тим, да потпише 20 автограми, да испие едно кафе покрај аут линијата, да го измајмуни голманот и да даде гол со газот! Клубот, долгорочната стабилна финансика состојба и неговото постоење се најважни, а успесите со правилна клубска политика ќе си дојдат, сега или подоцна, не е толку битно.
А посебен пасус и за Анонимусот којшто брата со термините „испичка“, „пизда“ итн. Другар, многу гнев манифестираш, ќе да си растел во времето кога Арсенал го растураше Манчестер кога сака и каде сака, па сега звучиш како навивач на Милан кога зборува за клубот и неговата минатогодишна титула после 5 годишната доминација на Интер во италијанското Калчо. Го величаш Фергусон (што патем и јас мислам дека е еден од најдобрите менаџери на сите времиња) на сметка на Венгер, а всушност тие двајцата ја направија истата работа, само што Венгер ја направи без медиумска помпа и плукање по своите играчи на кои гледа како на свои деца.
Како ќе изгледаше Манчестер ако ги имаше во ист состав Бекам, Роналдо и Руд Ван Нилстерој, па и Форлан?! Скоро непобедливо, јас ќе ти кажам. А, каде се сега тие играчи? Ги продаде Ферги за парички. Така што мрчењето дека ги понижил, па после тоа ги продал во клубови каде што заработуваат по 200.000 фунти неделно, не ти држи бате! Ако сака Руни да си оди од Манчестер, ќе си отиде и уво нема да го боли, затоа што никој не може да го запре. Никој нема корист од незадоволен фудбалер во клубот! (Прашај го Хари Реднап за случајот Модриќ.) Тој нема да игра во рамките на своите можности, ќе влијае на атмосферта во соблекувалната и тимот ќе трпи на натпреварувачки план. Затоа го продаваш фудбалерот и бараш друго решение.
Дали активираш фудбалер од младинската школа и чекаш да созрее или пак купуваш готов фудбалер за поголема сума на пари и чекаш да ги оправда парите тоа е како што кажав до вкус на клубска политика. А Руни знаеш зошто остана во Манчестер? Најмалку заради гневот на навивачите или репутацијата на плашило на Ферги. Остана заради тоа што му ја зголемија платата од 75 илјади фунти на 100 илјади фунти, а со бонусите од дадени голови, асистенции, остварени победи и други клаузули доаѓа до граница од неверојатни 220 илјади фунти неделно. Браво за бесниот Ферги, убаво му покажа на Вејн! Така треба! Ама јас секогаш ќе го паметам Ферги во сезоните кога супер евтинниот Арсенал освојуваше титули како сака, а црвенилото и топлината на неговото лице се мереше во кило\џули. Е тоа беше вистинска лутина, а не копачката во лицето на Дејвид Бекам. Не би бил вистински навивач на Арсенал доколку со сласт не би се сеќавал на тоа, хаха.
Значи на крај, не ми е битно дали ќе биде во првата четворка или 15ти на крајот на првненството, јас навивам за Арсенал затоа што го сакам клубот, чисто и едноставно! А ако оваа политика носеше успеси во минатото, ќе донесе пак само треба да се биде стрплив, а јас сум спремен да чекам за мојот Арсенал!! Поздрав и почит до сите навивачи од сите клубови во Премиер лигата!
П.С. Најголем поздрав до Мирко Попов и Внукот, едни од најголемите и најфанатични навивачи на Арсенал коишто ги знам :)
GO GUNNERS!!!